Извештајот на Европската комисија за 2023 година пристигна. „Ова е втор најлош извештај – оцени Малинка Ристеска Јорданова во Топ тема нa ТВ Телма.
Во 2016 година бевме „заробена држава” со „заробени институции“, 2019 и 2020 бевме пример за напредок, во 2021 и 2022 само со „одреден напредок“, а во најновиот извештај недостасува оценка. Ни двојче на стаклени нозе, ни еден на два, ни кец плус, ни единица со постоље… Нула. Ако нулата е оценка, е тогаш имаме доста нули…
„На сите ни е јасно дека проширувањето е наш заеднички интерес. Сакаме Македонија да ја искористи оваа динамика. Извештајот доаѓа со можности. Сакаме Македонија да ја искористи оваа можност. Извештајот е на 120 страници и е многу сеопфатен. Севкупно, извештајот во врска со политичките критериуми, ја поддржува државата да продолжи“ – изјави евроамбасадорот Гир.
Од власта сите воздржани, а партиите извештајот го толкуваат како што им одговара.
За критиките се виновни противниците.
До кога партиите ќе си ја префрлаат одговорноста?
Има ли политичка волја кај партиите за промени или и понатака ќе си ги гледаат сопствени интереси?
Анкета: Дали им е гајле на политичарите што содржи извештајот? ДА/НЕ
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.