Нема напредок во правосудството и борбата со корупцијата оценува ЕК. Судскиот совет треба да се стреми да го штити интегритетот и независноста на судиите и да се спротвиставува на надворешни влијанија. Во извештајот детално се нотирани случувањата во судскиот совет од од оставката на Палвина Црвенковска лани преку разршеувањето на нејзината наследничка , оставките на другите двајца членови кои следуваа, обидот за отстранување на камерите до ставот на судиите кон судскиот совет изразен во анкетатата на обсе. Контроверзно разршеувањето на екс претседатлеката на совеотот Весна дамева покрена загриженоста за непотребно политичко влијание , пишува во извештајот во кој е тирано и дека усвојувањето на новата стратегија за реформа во судскиот систем доцни.
- Во ноември 2022 година, претседателот на Судскиот совет поднесе оставка во знак на протест против наводните обиди за несоодветно влијание од судството и бизнис заедницата. Новиот претседател, кој ја презеде функцијата во декември 2022 година, беше деградиран во април 2023 година преку контроверзна процедура, покренувајќи прашања за почитување на законите и процедурите, се вели во извештајот на ЕК.
Корупцијата останува распространета во многу свери и е прашање за загриженост . Во извештајот се консттира и дека се одложувањата и повторувањата на судењата за случаите на корупција на високо ниво, што резултираше со застарување во некои случаи на предметите од висока корупција. Загриженост и за измените на кЗ
- Кривичниот законик е изменет по забрзана собраниска постапка. Максималните законски казни за конкретни кривични дела поврзани со корупција беа намалени, што имаше импликации врз примената на застареноста и влијаеше, стопираше, па дури и ги затвори, голем број случаи на корупција на високо ниво, вклучително и предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство. Амандманите, исто така, ја попречуваат способноста на властите да ги истражуваат и гонат таквите прекршоци. Ова е прашање на сериозна загриженост, се вели во извештајот.
ЕК и оваа година става акцент на предмети на СЈО и ја истакнува загриженоста околу она што се случува со нив. Се соочуваат со одложувања, укинувања и застарувања по донесанта првостепена пресуда . Во извештајот и со порака за судиите- Мора проактивно и ефикасно да управуваат со нивните случаи за да обезбедат навремена правда. Треба да се обезбеди судска одговорност.
Антикорупциска продожила да ја исполнува својата улога а Државниот завод за ревизија изготвува квалитетни ревизорски извештаи, во кои ги идентификува клучните наоди и дава соодветни препораки, на кои властите треба систематски да следат пишува во извештајот
Државниот завод за ревизија истражните центри во обвинителството и полицијата немаат доволно ресурси и опрема да истражуваат високо профилни предмети оценува ЕК. Се истакнува потребата од поголема употреба на мерките за замрзнувањ и конфискација и повеке финансиски истраги
Препораките од минатата година во длеот на борбата со корупцијата не се целосно исполнети и остануваат валидни, пишува во извештајот. Еу препорачува, земјата да ја подобри имплементацијата на стратегијата за спречување на корупцијата, да обезбеди доволно човечки и финансиски ресурси, вклучително и финансиски експерти, за обивнителството за организиран криминал и корупција за да се обезбеди ефективна одговорност во случаите на високо ниво на корупцијата . да го подобри своето досие во случаите на корупција на високо ниво – со навремени, професионални и транспарентни проактивни истраги, гонење, правосилни пресуди и наплата, вклучително и конфискација на криминално стекнати средства, проширена конфискација и и конфискација од трети страни.
Елена Ивановска Мукоска