Вести Свет Топ вести

Војната со Хамас ќе ги чини над 50 милијарди долари – израелски проценки за трошоците на операциите во Газа

Според прелиминарните процени на израелското Министерство за финансии, војната со Хамас во Појасот Газа земјата ќе ја чини 51 милијарда долари, што е еднакво на 10 отсто од бруто домашниот производ на Израел, објави весникот „Калкалист“.

Весникот посочува дека пресметката се заснова ако војната трае од осум до 12 месеци и ако е ограничена само на Појасот Газа, без акции против либанскиот Хезболах, Иран или Јемен.

Според „Калкалист“, половина од расходите се одбранбени трошоци кои изнесуваат околу 250 милиони долари дневно, а остатокот се однесува на загуба на приходите, компензација за фирмите и за обнова.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич претходно изјави дека Влада подготвува пакет економска помош за погодените од палестинските напади што ќе биде „поголем и поширок“ отколку за време на пандемијата со ковид-19.

Поради војната, С&П го намали кредитниот рејтинг на Израел на „негативен“, додека Муд и Фич проверуваат рејтингот за евентуално намалување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовска – Македонија е трусно подрачје, дивоградбите во Чаир се опасни

Дејан Дејан

Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Дејан Дејан

Конститутивната седница на косовското Собрание прекината по 39-ти пат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе