Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска отфрли можност за почеток на мировни преговори со Русија.
„Тоа нема и нема да има“, порача Зеленски на прес-конференцијата по состанокот со претседателкста на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
Зеленски ги негира наводите дека некои западни земји му вршат притисок да започне преговори со Русија.
„Денеска никој не ме принудува на ништо. Тоа беше на почетокот на војната и пред неа“, рече Зеленски.
Тој нагласи оти клучен проблем во моментот е контролата на небото од Русија, а решение за тоа гледа во набавка на ловци Ф-16.
Зеленски призна дека војната на Блискиот исток го свртела вниманието од Украина, но истовремено изрази надеж дека борбите меѓу Израел и Хамас наскоро ќе завршат.