Вести Економија Топ вести

Битиќи: Ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот за 2024 година

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година.

Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот.

-Кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот данок, а средствата ќе се користат за антикризни мерки кои ќе бидат соопштени наредните денови. За следната година, бидејќи правиме проекции на буџетот, и бидејќи кризата е се уште активна, ќе има средства за антикризни мерки. Ако евентуално прејудицираме дека таква одлука може да се донесе, мислам дека има доволно испланирани средства во државната каса, но првично, намената е за антикризни мерки. Ако има таква одлука, тогаш ќе треба да се земат од граѓаните и да им се вратат на компаниите што мислам дека нема да се случи. Средствата ќе се вратат од наредниот буџет, од сегашниот не е возможно зашто е веќе крај на годината, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе