Министерката за родова еднаквост на Шпанија, Ирена Монтеро го повика премиерот Педро Санчез да воведе економски санкции за Израел и се залага за прекинување на дипломатските односи со блискоисточната земја.
„Не постои ништо поитно од прекинување на овој геноцид. Милиони Палестинци и Палестинки се убиени и жртвувани во рамки на планираната опсада и геноцид“, рече Монтеро во обраќањето пред медиумите во Мадрид.
Шпанија, која наредната недела треба да добие нова левичарска коалициска влада и претседава со Европската Унија до јануари, беше една од 120 земји кои гласаа „за“ необврзувачка Резолуција во Обединетите нации за примирје. „Против“ гласаа 14 држави, Македонија се изјасни „воздржана“.
„Конечно треба да ги прекинеме дипломатските односи со Израел, да воведеме ембарго за оружје и да наметнеме економски санкции за да го запреме Нетанјаху“, порача Монтеро.
Други две шпански министерки, Јоланда Диаз и Иона Белара, учествуваа на улични протести во неделата во Мадрид и истакнаа дека Израел спроведува „воени злосторства“.
Еврејската заедница во Шпанија и израелскиот амбасада ги критикуваа нивните изјави, тврдејќи дека во нив се поттикнбува антисемитизам.