Стотици луѓе утринава можеа да се видат на граничниот премин Рафа, преминувајќи од Газа кон Египет.
За прв пат по започнување на војната на странските државјани им е дозволено да ја напуштат опколената земја. На преминот стотици од нив се собраа, на кои се досега не им беше дозволено да излезат и да заминат од Газа во Египет.
До сега на никој не му беше дозволено да излезе од Газа, освен на четворицата заложници кои ги ослободи Хамас.
Уште еден заробеник беше спасен од изреалските сили оваа недела.
Египетските државни медиуми известија дека повеќе од 80 ранети Палестинци, денеска ќе бидат пренесени од Газа во Египет на лечење.
Палестинската управа за премини соопшти дека повеќе од 400 странски државјани веќе чекаат на граничниот премин.
Договорот да се крене рампата на граничниот премин беше направен со посредство на Катар и САД.
Објавениот список на Палестинската гранична управа, вклучува државјани на Австралија, Австрија, Бугарија, Индонезија, Јордан, Финска, Чешка и Јапонија.