Вести Македонија

Ковачевски: Миликие Халими има универзитетска диплома

„Новата директорка на Аеродроми Миликие Халими е избрана од Надзорниот одбор врз основа на исполнети критериуми“. Вакво образложение дава премиерот Димитар Ковачевски за предлогот на Владата – Халими да биде прв човек на Акционерското друштво за аеродромски услуги во државна сопственост. Тврди дека таа приложила универзитетска диплома, како и многу други функционери.

Назначувањето на поранешната градоначалничка на општина Арачиново за директорка предизвика лавина реакции, главно поради нејзиното несоодветно образование и брзото кариерно напредување. Минатата година, со завршено средно медицинско училиште  беше назначена за инспекторка во Царинската управа. Пред неколку дена, таа самата ја објави веста дека ќе раководи со Аеродроми. Во нејзините биографски податоци наведува дека студирала на Педагошкиот факултет.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе