По постигнувањето договор меѓу Египет, Израел и Хамас, носителите на странски пасоши и на некои тешко повредени лица им е дозволено да ја напуштат опколената Газа. Посредници во договорот беа Катар и САД. Не се знае колку време ќе биде отворен преминот за евакуација.
Најмалку 20 палестински пациенти и 110 луѓе со двојно државјанство ја напуштија Газа досега. Според договорот, на 88 повредени Палестинци и околу 500 странски државјани ќе им биде дозволено да излезат преку преминот Рафа.
Стотици луѓе чекаат на преминот последните недели, но Египет соопшти дека нема да прифати прилив на палестински бегалци поради стравувањата дека Израел нема да им дозволи да се вратат во Газа по војната. Досега само петмина заложници кои што ги ослободи Хамас ја напуштија Газа. Во моментов телефонските и интернет услугите се целосно прекинати.
( видео ) Преминот Рафа, за прв пат отворен за странските државјани