Вести Македонија Топ вести

Терапија има за сите пациенти, буџетот за лекови е околу 23,8 милиони евра- тврди економскиот директор на Онкологија Матоши

Организацискиот в.д. директор на Клиниката за онкологија Халид Матоши вечерва, сведочејќи пред собраниската Анкетна комисија, рече дека моментно има лекови за сите онколошки пациенти. Буџетот на Клиниката, истакна, е 1,7 милијарди денари (27,6 милиони евра), од кои за биолошка терапија се предвидени 1,320 милијарди денари (21,4 милиони евра). Дополнително, според Матоши, со Фондот за здравствено осигурување се испреговарани уште 140 милиони денари (околу 2,3 милиони евра).

Според директорот, Клиниката за онкологија не издава терапија на други здравствени установи.

-Не, за тоа сум ја прашал и медицинската директорка, таа тврди дека не, но утре ќе биде тука пред вас, рече Матоши, одговорајќи на прашање од Анкетната комисија во Собранието.

За буџетот, напомена Матоши, се води многу сметка.

Организацискиот в.д. директор на Клиниката за онкологија Халид Матоши вечерва, сведочејќи пред собраниската Анкетна комисија, рече дека моментно има лекови за сите онколошки пациенти. Буџетот на Клиниката, истакна, е 1,7 милијарди денари, од кои за биолошка терапија се предвидени 1,320 милијарди денари. Дополнително, според Матоши, со Фондот за здравствено осигурување се испреговарани уште 140 милиони денари.

Според директорот, Клиниката за онкологија не издава терапија на други здравствени установи.

-Не, за тоа сум ја прашал и медицинската директорка, таа тврди дека не, но утре ќе биде тука пред вас, рече Матоши, одговорајќи на прашање од Анкетната комисија.

  1. За буџетот, напомена Матоши, се води многу сметка.

-За биолошка терапија имавме буџет 1,2 милијарди денари. Кога почнавме со тендерот во 3 и 4 месец, веќе во април видовме дека нема да стигнат лековите, веднаш направием допис до Фондот и МЗ, ги известивме за овој проблем. Фондот ни даде дополнителни 120 милиони денари. Сега основниот буџет ни е 1,320 милијарди денари, а имаме и повторно согласност за 140 милиони денари зашто ќе имаме проблем кон крајот на месецот. Внимаваме да нема пациент кој ќе остане без терапија, објасни Матоши и укажа дека секоја година бројот на пациенти се зголемува за 10 – 15 отсто.

Осврнувајќи се на извештајот на државната ревизија, тој рече дека во извештајот таа „ги измешала акцелераторите“.

Во однос на утврдените недоследности, Матоши ја информира Комисијата дека некои работи се завршени, а некои се во тек.

-Сите позиции се чепнати. Многу не заглави актуелната ситуација, се бараат документ од вас, од Обвинителството. Многу повеќе работиме за надвор од Клиниката, рече Организацискиот в.д. директор на Клиниката за онкологија.

Собраниската Анкетна комисија со Матоши ја заврши синоќешната седница, а за продолжението, членовите ќе бидат дополнително информирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Аднан Азизи именуван за шеф на изборниот штаб на коалицијата Вреди

Дејан Дејан

Брза пруга со британски пари – откажани се европските за реконструкција

Дејан Дејан

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе