Вести Македонија

Емотивен исказ на директорката Клисаровска за недостатокот на лекови и големиот долг – грст обвинувања за криминалните шеми на Онкологија

Недовербата во Клиниката расте и пациентите се во грч за вистината, кажа актуелната директорката на Онкологија. Таа денес даваше свој исказ пред собраниската Анкетна комисија.

Мора да се набавува поголема количина на лекови од потребното, поради тоа што има непредвидливи ситуации, децидна е д-р Клисаровска.

Во еден момент емотивно порача дека чувствува голема одговорност за целата ситуација на Онкологија, но револтот не го искажува во интерес на истрагата.

„Редовно и од година во година ние имаме 10-15% зголемување на бројот на нови пациенти. Недостатоците на лекови, целата таа ситуација на Клиниката ме става и како човек, но и како лекар и медицински директор под голема морална одговорност“ вели д-р Клисаровска.

На денешната расправа на Анкетната комисија формирана за да се утврди политичката одговорност за скандалот со кражба и препродажба на ампули, не изостанаа обвинувањата за профитирање, провизии и криминални шеми на Онкологија.

Пратеници од опозицијата и денес обвинуваа дека веледрогеријата „Пановски“ била повластена заради лични релации.

„Додека не се воведе поголема конкуренција со квалитетни лекови и додека ние во клиниките имаме невенчани партнерки на сопственици на веледрогерии – ДОТОГАШ ќе имаме прескапи лекови, преголем профит, директори и министри кои ќе бидат во искушение да земат провизија или да не земат провизија. Сопственикот Пановски не е министер за здравство, но тој може дури и да смени министер за здравство“ кажа пратеникот Антонио Милошоски, член на Анкетната комисија.

 

„Секако дека конкуренцијата којашто треба да се постигне би била од директна корист за Клиниката. Секогаш кога има поголема конкуренција се добиваат и пониски цени. Тоа за нас навистина многу значи кога буквално секојдневно сме во трка за лек повеќе“ одговори директорката на Онкологија, д-р Клисаровска.

Вчера на истото ова место сведочеше поранешниот директор Васев, кој призна дека лекови се земале на реверс – што според него е правно недозволиво, но неопходно за сите пациенти да добијат лек.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе