Вести Македонија Најважни

(видео)Ковачевски ја пречека Фон дер Лајен со највисоки државни и воени почести

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во придружба на делегација на Европската Комисија, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски и претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен, ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок на двете делегации.

Теми на разговор ќе бидат процесот на евроинтеграции на државата, скрининг процесот и реформите во државата како и преставување на Планот за раст на земјите од Западен Балкан и останатите отворени прашања на Западен Балкан и состојбите во регионот.

По завршувањето на билатералниот состанок на делегациите, предвидено е премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лајен, да одржат заедничка прес-конференција

Како што Северна Македонија напредува во реформите, така го трасира својот пат кон ЕУ, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на платформата Икс по вечерашната средба со шефот на државата.

На средбата меѓу другото се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија и тековните состојби во регионот. Фон дер Лајен пристигнува во клучен момент за евроинтегративниот процес на нашата земја.

Но иако не е предвиено да се сретнат, лидерот на опозицијата, Хрстијан Мицкоски, и го испорача на Фон дер Лајен своето очекување од нејзината посета, со забелешка дека очекува тоа да биде пријатно изненадување.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера во Скопје ја започна својата четиридневна посета на земјите од Западен Балкан, денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.

Во видеото прилог на Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе