Како што Северна Македонија напредува во реформите, така го трасира својот пат кон ЕУ, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на платформата Икс по вечерашната средба со шефот на државата.
На средбата меѓу другото се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија и тековните состојби во регионот. Фон дер Лајен пристигнува во клучен момент за евроинтегративниот процес на нашата земја.
Денеска ќе се сретне со премиерот Ковачевски, а средба со опозицискиот лидер Мицкоски не е предвидена.
Но иако не е предвиено да се сретнат, лидерот на опозицијата, Хрстијан Мицкоски, и го испорача на Фон дер Лајен своето очекување од нејзината посета, со забелешка дека очекува тоа да биде пријатно изненадување.
На денешната средба во владата Фон дер Лајен на дневен ред за разговори ги има и уставните измени, потврди вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Во видеото прилог на Тамара Грнчароска