Обвинителството за организиран криминал и финансиската полиција од утринава апсат луѓе и претресуваат објекти на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид.
- Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, соопштуваат од Јавно обвинителство.
Во обвинителството велат дека акцијата е сè уште во тек и затоа не можат да кажат повеќе детали. Телма дознава дека меѓу осомничените има сопственици и управители на повеќе фирми.
Повеќе информации се најавени по завршувањето на акцијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.