Вести Македонија

Ново јавно претпријатие ќе управува со хидросистемот Ѓавато, хидросистемот за спас на Дојранско езеро не е во функција

Ново јавно претпријатие ќе се отвора за управување со хидросистемот Ѓавото. Министерката за животна средина Каја Шукова, вели дека е време да се прекине со незаконското управување со хидросистемот, кој во моментов е под министерството, надвор од сите законски прописи.

Хидросистемот изграден за спас на Дојранското Езеро не е во функција веќе година и половина. Министерката Шукова вели дека пред да се пушти хидросистемот повторно ќе мора д асе реконструрира.

Градоначалникот Ангов вели дека хидросистемот е од витално значење за целиот регион, за езерото но и за полјоделството.

Нивото на Дојранското Езеро е намалено за повеќе од еден метар. Експертите апелираат дека е важно да се полни езерото бидејќи е потребен дотур на свежа вода и кислород.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе