Жителите на штипската улица Солунска над десет години живеат во страв од крадците кои во нивните домови влегуваат и дење и ноќе. Нивните домови наликуваат на кафези, во секој двор имаат кучиња чувари, оградени се со железни порти и мрежа.
Околу 200 домаќинстав на улицата „Солунска“ денеска побараа решение и од локалната власт. Од нивните домови се краде се и сешто, од дрва за огрев, ракија, а среде бел ден крадците украле и влезната врата.
Мештаните на улица Солунска велат дека крадците напаѓаат во групи. Поголем дел од нив се малолетници ,лена мета им се празните куќи, но и домовите на повозрасните лица, велат мештаните. Градоначалникот Иван Јорданов бара 24 часовен полициски пункт во овој дел на градот, со цел брзо да се реагира.
Секторот за внатрешни работи преку писмено соопштение го демантира штипскиот градоначалник, во него се дава анализа за колку проценти е намален крималитетот и кражбите, а конкретно за улицата „Солунска“ се вели дека во текот на 2023 година имало 4 кражби, од кои расветлени се две.
Во соопштение се наведува и дека СВР Штип во неколку наврати побарале формирање на локален совет за пренеција, но досега општината не го формирала.
Викторија Јованова