(фотографијата не е од местото на настанот)
Детска количка во кое имало бебе стоеше рано претпладнево на коловозот на булеварот кај Мајчин Дом во Аеродром. Мајката и бебето биле удрени од велосипед при сообраќајна незгода. Детенцето како и сите останати учесници во несреќата се повредени, а по лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Претходно на улицата имало сообраќајна незгода меѓу автомобил БМВ и велосипед. Незгодата се случила околу 10.:10 часот на крстосницата кај Мајчин Дом.
Велосипедот по ударот од колата, по инерција удрил во бебешката количка и во 37-годишната мајка на бебето. За среќа станувало за полесни повреди.
Полицијата соопшти дека велосипедистот бил малолетен и нема посериозни повреди, а возачот на БМВ-то со скопски таблички е 55-годишен Ресенчанец.
По увидот и истрагата ќе биде одлучено дали и какви поднесоци ќе има за учесниците во незгодата која поради детската количка предизвика загриженост меѓу минувачите.