Вести Македонија Најважни

Обвинителството се жали на укинувањето на домашниот притвор за Рашковски

Драги Рашковски чека да се официјализира неговото излегување од домашен притвор со кауција. Судот му го укина притворот, откако поранешниот генерален секретар на владата понуди гаранција од 193 илјади евра во недвижен имот дека нема да бега.

Обвинителството се жали на таа одлука, па сега треба да пресече скопска Апелација. Се чека и понудениот имот како гаранција да се прибележи во Катастарот за недвижности.

Во јули годинава, Рашковски првостепено беше осуден на 8 години затвор за злоупотреба на службената положба и за перење пари. Од тогаш е во домашен притвор. Заедно со него беа осудени уште шест луѓе. Рашковски и уште тројца осудени се задолжени да ја надоместат штетата што ја направиле врз буџетот од околу 190 илјади евра. Тој се жалеше на пресудата, па сега случајот е пред Апелациониот суд.

Рашковски беше осуден дека како генерален секретар на владата нелегално набавил софтвери за сообраќајни прекршоци од фирмата Инвока груп, кои со месеци не се користеле од Министерството за внатрешни работи. Исто така беше осуден и за набавка на метални кабини за системот за биометриска идентификација. Според судот, осудените си префрлале пари меѓу себе, а дел од парите му префрлале на Рашковски.

Дел од обвинението се однесуваше и за исплата на хонорари на луѓе ангажирани од Рашковски, а дел од парите завршувале кај него.

Рашковски во април 2021 беше однесен во притвор во Шутка, но по два месеци беше пуштен да се брани од слобода со гаранција од 500 илјади евра.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе