Вести Македонија Најважни

ЕК ќе бара објаснување од Македонија за последиците од измените на КЗ

Европската унија својата загриженост за начинот и измените на Кривичниот законик ќе и ги соопшти на Македонија на билатералан состанок. Ова денеска го соопшти еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, кој најави дека со Македонија ќе се разговара и за тоа како измените влијаат врз тековни случаи за корупција од висок профил, намалувањето на казните и застарувањето на случаите.

„Ние сакама да добиеме и одговор да продолжат кривичните гонења. Тоа секако ќе биде дискусија на билатерално ниво, да, но изразивме мислење за тоа. Имаме загриженост во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината сакаме прво да се осигури да не изостанат кривични гонења случаи од висок профил, она што го видовме изминативе месеци“, рече Дидие Рејндерс, еврокомесар за правда.

Рејндерс кој денеска учествуваше на министерскиот форум за правда ЕУ- Западен Балкан, се воздржа од поконкретни коментари за реформите и она што се случуваше изминатите неколку месеци во правосудниот систем во Македонија, упатувајќи дека се ќе биде срочено од Европската комисијата во Извештајот за земјава, кој треба да биде објавен за десетина дена. Рејндерс сепак откри две забелешки.

„Трба да има добра пракса во однос на истрагите и кривичните гонења за случаи од висок профил. Вие споменавте дека има тешкотии за одредени предмети, тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво, не само за кривичниот суд, туку и за реформите во законот и капацитетот за кричвично гонење во иднина за овие случаи. И ситуацијата за Судскиот совет, оние промени што беа направени во однос на Судскиот совет и во тој сегмент би рекол дека е важно да се организира добар процес“, рече Рејднерс.

Довербата пак на граѓаните и бизнисот во судството и правниот систем е битно во процесот на реформи, на што Унијата инсистира, како што рече Рејнерс, бидејќи не е доволно само да се донесат нови закони со стандарди и тие да се се имплементираат, туку дека треба да изгради и подобар степен на доверба во судствот. Поради тоа Унијата инститра на следење на судскиот процеси и имплемнтација на сите препораки кои стигаат од ОБСЕ во проектот за следење за на судењата.

Еврокомесарот за правда притоа денеска потсети дека преговорите за пристапување на земјава во ЕУ со отворање на клатсерите и поглавајата почнуваат и завршуваат со владеењето на правото, во кое судството е можеби најважниот дел од тој процес.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе