Вести Македонија Топ вести

Судската администрација доби 10 отсто додатоци на плата

По 7 месеци пауза судската служба повторно ќе добие додатоци на плата. Одобрени им се 10 отсто од максимални можни 25 за месец октомври. Ова е одлучено на денешната седница на Судско-буџетски совет.

-Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец октомври 2023 година во висина од 10% за судските службеници и вработените во Судски совет на РСМ;

-Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец октомври 2023 година за членовите на Судски совет на РСМ и судиите.

Од синдикатот на УПОЗ со порака 10 посто додатоци не е решение, туку зголемување на платите за 78 отсто.

Од Независниот синдикат за судска администрација ја поздравуваат одлуката на Судско-буџетскиот совет, но и за нив главен услов е зголемување на  платата. 

Обвинителската администрација 5 недели е во штрајк со исти барања, враќање на додатоците и  78 отсто од плата. Од преговори со владината работна група кои почнуваат утре и се надеваат дека проблемите кои со години се натрупани во обвинителството конечно ќе се решат. Еден од битните услови за нив е измена на Законот за јавно обвинителска служба.

Револтот на судската и обвинителската служба започна по одлуката на уставен – платите на функцуионерите, меѓу кои и судиите и обивнителите се зголемија за 78 отсто, а ним им беа скратени додатоците на плата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе