Втор ден по ред, Државниот инспекторат за животна средина ја проверува документација на фирмата „ Рецикал Еко-Старт“, за која еко- активистите изразија сомнеж дека е можно да го одложила опасниот оловен отпад од преработени акумулаторски батерии во близина на реката Лепенец, зашто се наоѓа на 2, 5 километри од местото каде е одложен и се занимава со преработка на акумулатори и производство на рафинирано олово и оловни легури.
Од Инспекторатот велат дека имаат рок од три дена да го состават записникот и да го достават до фирмата. А, таа има рок од 8 дена да одговори на евентуалните забелешки.
По откривањето на 500 до 600 тони депониран отпад на приватен имот, на патот кон селото Орман, од страна на инспектор од „ Ѓорче Петорв“, издадено е решение во рок од 30 дена истиот да биде отстранет.
Но, не е познато кој ќе го стори тоа бидејќи иако се утврди дека „ Рецикал Еко- Старт“ го складирала отпадот, фирмата нема дозвола за негова дислокација , ниту пак во земјава постои депонија за таков опасен отпад.
А, каков е составот на оловната згура ќе покаже анализата од земените мостри. Поради природата на работата, на резултатите ќе треба да се почека повеќе денови, информираат од Инспекторатот за животна средина.