Македонија

Оловото најопасно за децата и трудниците, ДИЖС ја проверува документацијата на „ Рецикал Еко- Старт“

 

Оловото е опасно за здравјето на луѓето, а најмногу за децата во развој и за трудниците. Ова за Телма го изјави клиничкиот токсиколог Нико Беќароски, во врска со случајот со нелегално депонираниот отпад од олово на приватен имот во близина на реката Лепенец, во општината Ѓорче Петров . Државниот инспекторат за животна средина денеска ја разгледува документацијата на фирмата „ Рецикал Еко- Старт“, за која еко- активистите изразија сомнеш дека е можно складираниот отпад да потекнува од неа, со оглед на дејноста со која се занимава и близината до местото каде е оставен отпадот.

Човечкиот организам во нормални услови не може да разгради олово. Тоа е штетно за здравјето на луѓето, а особено за малите деца и за трудниците. Ова го кажа токсикологот Нико Беќароски, во врска со нелегално складираниот оловен отпад од преработени акумулаторски батерии, во близина на реката Лепенец, во општината „ Ѓорче Петров“.

  • Кај повозрасните може да пројде и со хроничната експозиција на олово, може да пројде и со грчеви во стомак, може да пројде и со проливасти столици кои што се од нејасно потекло, може да биде зафатен црниот дроб, бубрезите исто така многу често страдаат. Меѓутоа тоа што е најтрагично е кај децава. Затоа што кај нив, посебно кога се во период на развој, може да страда и мозокот, кажа токсикологот Беќароски.

И додека лекарите алармираат за можните штетни последици од ширењето на честичките на оловната згура, депонирана на приватен имот, Инспекторатот за животна средина  ја проверува документацијата на фирмата „Рецикал Еко- Старт“, која се занимава со преработка на акумулатори и производство на рафинирано олово и оловни легури. За оваа фирма еко- активистите изразија сомнеж дека опасниот отпад е донесен од кај неа зашто се наоѓа на 2, 5 километри од местото каде тој е складирана. А, за составот на отпадот се чекаат резултатите од анализата која започна вчера. За нив, според Инспекторат за животна средина , ќе треба да се почека 4-5 дена. Доколку се потврди дека оловниот отпад потекнува од „ Рецикал- Еко- Старт“ , казнената постапка потоа ќе продолжи преку МВР и Јавното обвинителство.

Иако се обидовме да стапиме во контакт со „ Рецикал Еко- Старт“, оставените телефонски броеви на интернет беа исклучени, а не функционираше ниту електронска адреса.

Нелегално складираниот отпад е откриен од инспектор од општината Ѓорче Петров, кој извештајот од увидот го предал на Инспекторатот за животна средина. Инспекторот издал решение, во рок од 30 дена да се отстрани купот со отровното олово. А, градоначалникот на „ Ѓорче“ , Александар Стојкоски за Телма кажа дека местото од каде што е донесен отпадот не е на територијата на општината и дека сопствениот на земјиштето каде се наоѓа отпадот не бил известен за тоа.

Сотир Трајков

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе