Вести Македонија Топ тема

„Многу ми помага вакцината, не сум се разболел од грип не памтам од кога“ – голем број граѓани пријавени за вакцина

Ова е една од првите вакцини против сезонски грип. Има вкупно 60 илјади вакцини кои се наменети за најранливите категории: хроничните болни, бремените жени и лицата над 65 години. Има и околу 1.500 приватни вакцини кои се наплаќаат по 700 денари…За сега, заинтересирани за вакцинација се нешто над 30 илјади граѓани кои сметаат дека вакцината ќе ги заштити од грип.

  • „Редовно се вакцинирам. Многу ми помага вакцината, не сум се разболел од грип не памтам од кога“, вели граѓанин.
  • „Се вакцинирам од кога е почната оваа вакцина и ме чувал господ. Инаку страдам, стално од грип “, вели граѓанин.
  • „Сигурно дека ќе се вакцинирам. Верувам исто како од короната кога се вакциниравме исто и од тоа сме вакцинирани па би требало и за грипот да се вакцинираме“ вели граѓанка.
  • „Се вакцинирав и препорачувам на сите повозрасни луѓе да се вакцинираат“, вели граѓанка.

На вакцинација се оди здрав, закажаниот термин важи една недела, а имунизацијата е најдобар начин за да се спречат потешки форми на ова вирусно заболување кое во одредени случаи може да биде и фатално алармираат надлежните.

  • „Пред да се аплицира вакцината се поминува преку тој лекарски преглед кој што се проценува здравствената состојба и доколку нема посериозни проблеми може да се пристапи кон апликација. Ова е најдобриот период крај на октомври почеток на ноември и еве почнуваме точно на време. Бидејќи во зимскиот период се очекува поголема бројка на заболение ние сме точно на време бидејќи треба две до четири недели да реагира вакцината,односно да се разбуди имуниот одговор за да биде заштитен организмот“, вели Бесим Зеќири директор на Центар за јавно здравје.
  • „Доминира во моментот тип А од инфлуенца а и во јужната хемисфера податоците кои претходат на распоредот на северната хемисфера се во корист на тип А 90% од инфекциите со инфлуенца отпаѓаат на тип А“, вели Александар Петличковски претседател на комисија за заразни болести.

Сите заинтересирани граѓани за да се вакцинираат прво треба да се пријават електронски на интернет страната вакцинација.мк а подоцна да одат во центрите за јавно здравје низ државата .Минатата година против сезонски грип се вакцинирале 55 илјади граѓани, недоволна бројка според надлежните кои апелираа дека треба да има вакцинирано 75% од населението.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невработени му пишувале на Стојачне Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе