Вести Македонија

Eвропскиот суд за човекови права утврди повреда на  правото на слобода на движење и дискриминација на лица од ромска етничка припадност при обид да излезат од државата

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во случајот „Мемедова и другите против Северна Македонија“  утврди дека на четири лица, граѓани на С. Македонија, припадници на ромската етничка заедница, им било повредено правото на слобода на движење и забраната за дискриминација од страна на граничните служби. Овие четири лица беа жртви на незаконската пракса која ја применуваше МВР во период од 2011 до 2016 со која на лицата од ромската етничка заедница, им беше честопати забранет излез од државата, без законска основа и честопати на начин со кои се повредува нивното човеково достоинство.

Македонското здружение на млади правници, во соработка со тим од адвокати и со Европскиот центар за правата на Ромите обезбедуваше правна помош на овие лица за водење на постапки пред домашните судови.

Во одреден дел овие постапки беа успешни, а во одреден дел не. За четирите лица, за кои се однесува одлуката од Европскиот суд за човекови права МЗМП обезбеди адвокати и ги покри трошоците за водењето на постапките вклучувајќи го и изготвувањето на жалбите и застапувањето пред Европскиот суд за човекови права.

Со оваа одлука практика на државните органи која погрешно се оправдуваше како заштита на штотуку воспоставениот безвизен режим, доби и квалификација од страна на Европскиот суд за човекови права како дискриминаторска и која спротивно на Европската конвенција за човекови права ја ограничуваше слободата на движење на нашите сограѓани од ромската етничка заедница. Дека практиката е спротивна на меѓународните стандарди и особено на домашното законодавство укажуваше МЗМП како и други граѓански организации подолг временски период. За жал, барањата на организациите за прекин на практиката и обесштетување на оштетените не беа услишани на време и сега повторно државата се наоѓа во фокус на ЕСЧП како држава која не ги штити правата на своите граѓани.

ЕСЧП утврди дека жалителите, сите од ромска етничка припадност, се соочиле со дискриминација од рацете на граничните полицајци.

Пресудата нагласува дека таквата дискриминација е кршење на основните човекови права. Исто така, правото на апликантите на слобода на движење беше непобитно повредено како и сторената дискриминација.

Судот утврди дека тие биле издвоени исклучиво поради нивната ромска етничка припадност. Во одлуката беше забележано дека дејствијата на службениците и органите за гранична контрола немаат какво било објективно или разумно оправдување. Дискриминаторските практики беа очигледни, без оглед на индивидуалните околности на апликантите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе