Вести Македонија Топ вести

За мнозинството македонски државјани, Македонија не е демократска земја – анкета на „Евротинк“

Македонија не е демократска земја. Ова е став на 56 проценти од граѓаните, што е за 5 проценти подобрување од минатата година, но за дури 10 проценти полошо од 2015-та, кога речиси 46 проценти сметале дека земјава не е демократска, што бил најнизок рејтинг за демократијата во земјава до 2022 година.

Дека Македонија е демократска земја смета, речиси, секој четврти граѓанин или 23 проценти. Ова го покажало истражувањето на јавното мислење на „Евротинк“ за пецепцијата и ставовите на граѓаните на Македонија за општествено- политичката состоојба во државата, информирањето и евроинтегративните процеси, спроведена телефонски од агенцијата Брима на 1.003 испитаници во периодот од 4 до 21 септември.

Малку подобар скор од лани има и насоката во која се движат работите во државава, па ако лани само 9 проценти сметале дека државата се движи во добра насока, оваа година тој процент скокнал на 15,6 проценти, што пак е далеку од 28-те проценти од пред четири години, поточно, пролетта 2019 година, кои сметале дека државата се движи во добра насока.

Во рамки на статистичка грешка, годинава е зголемен процентот за граѓаните кои сметаат дека членството на Македонија во ЕУ би била добра работа. Од минатогодишните 49 проценти поддршката за ЕУ годинава скокнала на 52,6 проценти.

„На прва топка што би се рекло, мојата претпоставка е дека ни е кажано дека ’топката е во наши раце’, дека многу помалку зависи од ЕУ во овој момент и мислам дека тука е таа некоја минимална промена во перцепциите“, вели Димитар Николовски, извршен директор на „Евротинк“.

Поддршката за ЕУ е поголема кај Албанците со 90 проценти, а кај Македонците таа изнесува 39,5 проценти.

Константа, пак, останува економскиот фактор кој најчесто граѓаните го избираат како позитивна асоцијација за Унијата, пред се подобриот животен стандард и намалувањето на невработеноста. Најголемата причина за одбивање на влез во ЕУ граѓаните го наведуваат губењето на идентитетот.

Иако речиси 56 проценти од испитаниците сметаат дека односот на ЕУ кон земјава не е фер, надмен и уценувачки, речиси 61 процент од нив во Унијата гледаат најдобра алтернатива за земјава. Сепак, секој трет граѓанин е песимист дека земјава некогаш ќе стане членка на европското семејство.

Анекатата на „Евротинк“ го опфатило и прашањето на надворшена закана за Македонија, што покажало дека дури 48 проценти од граѓаните сметаат дека постои такво нешто за државата.

„Соседна Бугарија се смета за најголема закана со 79 проценти од испитаниците кои тоа го одговориле и тоа овој одговор е најчест меѓу етничките Македонци. 44 проценти од Македонците одговориле дека Бугарија е најголемиот непријател“, вели Виолета Глигороска, проектна координаторка во „Евротинк“.

Најголем пријател граѓаните, пак, гледаат во Србија, со речиси 40 проценти, па во САД со 13,7, по што следи Турција со 10 проценти.

За тоа, пак, како граѓаните се информираат за политичките теми или меѓународните организации покажало дека 56,5 проценти се информираат од интернет, а 43,5 од телевизиите, а дури 12 проценти се информираат од пријатели и роднини за овие теми. Рангирани, пак, на прво место граѓаните бараат информации за политичките теми се социјални мрежи, на второ место им се онлајн порталите со 53 проценти и на трето место како извор на информации се онлајн платформите на телевизиите со 94 проценти.

Надворешна политика, пак, не следат повеќе од 50 проценти од граѓаните. За пристапниот процес на ЕУ граѓаните најмногу им веруваат на експертите, па на новинарите, а најмалку на политичарите. Инаку судството и фундаменталните права е според процентите темата која е најважна за земјава пристапувањето во ЕУ, со 54 проценти, по што следи правда, слобода и безбедност, па социјална политика и вработување, заедно со заштита на потрошувачите и јавното здравје.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе