Вести Македонија

Некогаш за слобода и праведна држава, денес за борба против корпуција, криминал и непотизам – одбележан 23 октомври

Денеска Македонија го одбележува 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба.  Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е време да се обединиме и како пред 130 години да тргнеме напред. Од владеачката партија порачаа дека не треба да владеe лажен патриотизам затоа што тоа води до антиевропска држава, антимакедонска. Претседателот на државата Стево Пендаровски по повод празникот упати честитика до граѓаните и повика на борба против криминалот и корупцијата.

„Како што борбата на револуционерната генерација беше за слободна и праведна држава, така нашата борба денес мора да биде против корупцијата, непотизмот и криминалот што раѓаат недоверба, социјална неправда и масовно иселување на младите. Како и пред 130 години, така и ние мора да ги надминеме нашите поделби и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава со еднакви можности за достоинствен живот и напредок на секој нејзин граѓанин“, вели Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ организираше голем настан на кејот кај Kамени мост. Настанот започна со македонската химна, па продолжи со играње на „Тешкото“ оро кое ја симболизира битката на нашите предци. Мицкоски ја критикуваше власта дека ја елиминира правдата со неправда.

„Во Македонија нема вистинска одговорност и овие 30 години не одговарал ниту еден бандит кој на грбот на овој народ се збогатил. Одвратно и со мачнина е за гледање сликата со која ја уништуваат правдата, и тоа оние кои скокаа на Ладата и збореа за правда кога беа опозиција. Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги, но само треба да знаат, гледајќи ја нивната лукавост, дека нема во новата влада на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ да најдат нова прегратка, туку и тие ќе се соочат со правда. Може криво да седат, ама требале право да судат“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Честитка стигна и од владеачката партија. СДСМ прстот го впери кон опозицијата за која велат дека води антиевропска политика и шири квазипартиотизам.

„Македонската борба на денешните генерации е политичката борба за подобра, европска иднина на нашата татковина и сите наши граѓани. Лажниот, квази патриотизам на ДПМНЕ и Левица е моментално единствена закана за подобра, европска држава. Лажниот патриотизам носи изолација на земјата, неизвесност, економска стагнација, празни џебови и празни фрижидери за граѓаните. Лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет. Затоа, антиевропската агенда е антимакедонска“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Сепак на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во исто време се поклонија и им оддадоа почит на македонските револуционерни преставници и од власта и од опозицијата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе