Вести Македонија Топ вести

Дури 14 тендери на Министерството за администрација ѝ биле доверени на една иста фирма

На четиринаесет од вкупно осумнаесет случајно избрани и анализирани тендерски постапки во Министерството за информатичко општество и администрација се пријавила само една компанија. Ова денеска го соопшти министерот Азир Алиу кој врз основа на ревизорскиот извештај за тендерски постапки во министерството за период од јануари 2021до јуни 2023 година, информираше дека на три тендери имало по двајца понудувачи, а само на еден се јавиле тројца понудувачи. Според Алиу високиот процент на тендери само со една понуда, во вкупниот број на доставени понуди, влијае врз можноста за избор, што ги принудува државните институции да плаќаат повисоки цени поради малата понуда на компании.

-Законските процеси се такви што дури и да има само една компанија пријавено не смееме како институција да го преќинеме процесот, а од другата страна не оди на јавно надавање бидејќи е само една нема со кого да се надава и во тој случај победува таа компанија. Тука има многу големи можности за таа компанија и затоа велиме дека треба да се подобри таа фаза и да бидат информирани сите компании, вели Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација.

Министерот Алиу смета дека состојбата е таква затоа што компаниите немаат доверба во институциите. Според него, за да се подобри таа состојба, за секоја наредна тендерска постапка тој ќе свикува прес-конференција. Целта му е, како што вели, да ја добие довербата на компаниите и да ги информира за потребите на министерството.

-Ние како министерство во наредниот период ќе организираме средби на кои уште во фаза на анализа на пазарот сите компании кои ќе бидат заинтересирани ќе ги информираме, додаде министер за информатичко општество и администрација.

Министерот Алиу потенцираше дека нема ништо незаконски во досегашните тендерски постапки, но дека има ризици од злоупотреба. Вкупната сума за осумнаесетте анализирани тендерски постапки е 6,5 милиони евра.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе