Вести Македонија

Четворица приведени- краделе од земјоделски комбинат во Радобор

На 19.10.2023 во с.Могила, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(50), Г.П.(40), Т.И.(48) и Р.О.(34), сите од с.Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба”.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, општина Могила.

Пронајденото било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во Полициската станица Битола. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе