Вести Македонија Најважни

Власта и опозицијата се надаваат за изборите и без формирана работна група

И власта и опозицијата се за формирање работна група за утврдување на датумите на претстојните избори, но иницијативата никако да стигне до нивните претставници во Собранието и да се реализира. Премиерот, Димитар Ковачевски, вели дека јавно кажал дека работна група треба да се направи, додека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкски, пак со став дека власта бега од работна група за дефинирање на датумите за избори.

„Секој понеделник има координација кај претседателот на Собранието на која што присуствуваат сите пратенички групи и таму можат да се договорат за динамиката на разговорите кои што би се воделе во таа насока“, вели Ковачевски.

На прашањето зошто досега нема иницијатива за тоа и дали тој би направил таков чекор за формирање, Ковачевски со одговор:

„Јас јавно кажав дека треба да се направи“.

 

„Ценам дека час поскоро треба да се охрабрат. Бегат од дуели, бегаат од предвремени избори, бегаат од новинари, бегаат од лидерски средби, еве барем нека формираат работна група да ги дефинираме роковите, бидејќи времето не гази“, пак вели Мицкоски.

Во меѓувреме и едните и другите остануваат секој на својот став околу одржување, односно спојување на претседателските со парламентарните избори. Ковачевски притоа вели дека тие во моментов не разговараат ниту за конкретни датуми, ниту дали претседателските и парламентарните избори ќе се преклопат.

„Зборуваме за одржување на избори во редовен термин за што, кончено, сите политички партии се согласија дека ќе бидат во редовен термин. Конкретните датуми зависат од законските решенија, во колку дена пред истекот на мандатот се организираат и парламентарните и претседателските. И нормално дека конкретен датум секогаш зависи од тоа што ќе биде договорено и што ќе биде подоцна изгласано и предложено, пред се, од страна на претседателот на Собранието“, вели Ковачевски.

Мицкоски го употреби зборот „глупаво“ реферирајќи на опцијата за одржување одделни изборни процеси идната година за само неколку месеци. Тој ја повика власта на разум и да ги направи двата пара избори на еден трошок за државата.

„Еве редовни избори на 8 мај, ден среда. Еве им датум каде што вториот круг на претседателките избори може да биде заедно со парламентарните избори. Има доволно време, 72 часа, за жалби доколку такви постојат и да се фати рокот на 12 мај да биде инаугуриран новиот претседател“, вели Мицкоски.

Во меѓувреме треба да се пополни и упразнетото место во Државната изборна комисија која во моментов има само шест од потребните седум члена за да функционира. Недостига член од редовите на опозициските партии на Албанците во Собранието.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе