Вести Македонија

Една жена почина, две лица се затруени, откако јаделе пита со праз која сами ја подготвиле – случај со фатални последици од пестицидот Метомил во Скопје

Една жена почина поради акутно труење со пестицидот Метомил, односно Ланате, што е потврдено и со анализи на судска медицина, потврди за Телма, токсикологот, доктор Нико Беќаровски. Освен починатата, затруени сè уште две лица, и двете од истото семејство од кои едното е во тешка здравствена состојба, а другиот е стабилен и се наоѓа на клиниката за Токсикологија.

Затруени биле откако дома јаделе пита со праз, што сами ја подготвиле. Случајот со труењето е пријавен во полиција пред два дена, на 17 октомври. Клиниката за токсикологија пријавила дека на 15 октомври кај нив биле донесени три лица, сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот дом, велат од МВР.

Откако во јавноста се прошири веста дека причина за труењето е пестицидот, доктор Беќаровски изјави дека не треба да се шири паника кај населението, бидејќи причината за фамилијарното труење и еден изгубен живот со пестицидот, не е ниту прсканиот праз, ниту брашното во питата.

Станува збор за класично акутно труење со овој пестицид, а дали било намерно или случајно треба да покаже истрагата, вели Беќаровски. Од полиција велат дека се работи на расчистување на случајот. Инаку, песицидот Ланате е забранет во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе