Вести Македонија Најважни

Владата вината ја префрла во бавното судство, експертите со став дека и граѓаните ќе кренат раце од борба против висoкиот криминал и корупција

Падна прислушувањето во правусдниот систем, а сега ќе падне и охрабрувањето кај граѓаните во борбата против корупцијата, е првата реакција на неваладините по застарувањето на делото за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Колку отштета ќе плати државата засега се само калклуалции, вели министерката за добро владеење Славица Гркова. Прашана, да ги коментира измените на кривичнито законик овој пат низ примери во судницата, Гркова вината не ја гледа само во законодавецот туку прст впери и во судовите кои повеќе од 6 години го влечкале предметот без пресуда. Премиерот не признава одговорност и се уште се гордее со измените на К.З. кој треба да ги забрзаат процесите. А, додека траат реакциите по „Трагет- ТВрдина“, следен за спас од злоупотреба на служебна должност е градоначлникот Стевче Јакимовски по обвинението за бесправно градење.

„Таргет“ замолкна, обвинителството куртули до следното рочиште во предметот против градоначланикот на Карпош Стевчо Јакимовски. Еден обвинет недостасуваше за денеска судот да констатира дека кривичното дело против Јакимовски за злоупотреба на службената положба застарело благодарејќи на измените на кривичниот законик. Таква одлука ќе падне на следното рочиште наредниот месец. Пардоксалноста на правдата го стаса и Миле Јанакиевски во „Топлик“ за Сончев град. Обвинителството наговести застарување, но повисокиот апелационен суд ги претркал и минатиот месец одлучил да го врати „Топлик“ во кривичен на одново судење, но и во овој случај беспотребно. Но, додека обвиненијата на СЈО се рушат како кула од кари, а обвинителите не понудија нови преквалификации барем засега, вината за распадот на одговорноста се префрла како „пинг-понг“. Извршната власт реагирала со измените за да ја забрза работата на судиите кои каскале во предметите, а не да се избават ексфункионерите од одговрност.

Сите одговори за текот на случајот можат да ги дадат оние кои работеле. Предлог законот и целотот решение беше усоголасување на директиви со ЕУ и законодваство со 19 земји члени на ЕУ, а не заради поедини случаи. Ако се водевме по случаите на Мијалков и остантите обвинети тогаш кај нас треба да се воведе не застарување и предмтите да траат 50- 60 години, вели Ковачевски за застарувањето на случајот „Таргет-Тврдина“.

Судот ги затвора еден по еден предметите, а адвокатските друштва можат да почнат да ги пишуваат фактурите за трошоци од државниот буџет. Колкава сума ќе се одлее на повратни трошоци, министерката Гркова не сака да калкулира.

Клакулантството на правосудниот систем и нефикасноста на судовите. 5 години во судница и апалација го држеше во фиока и одеше кон застарување овој предмет против Мијалков, посочи Гркова.

Измените се протнаа под превезот на европско знаменце, но неказнивоста како последица од застарувањата Европската унија будно ја следи и бележи во тефтерот.

Како што можете да претпоставите јас не можам да коментирам поедини случаи. Европската комисија даде јасен став за измените на кривичниот закон и изрази загриженост од импликациите од неказнивоста.Исто така изрази загрижност за упторебата на европското знаменце во овој контекст. И тоа беше јасно кажано и таа позиција не е променета. Ги следиме многу внимателно сите правосудни одлуки кои произлегуваат од измената на К.З. и ќе дадеме одново мислење како ситуацијата се менува, рече амбасадорот Дејвид Гир прашан за коемнтар по падот на „Таргет – Тврдина“.

Судиите ја окончаа работата во дестина предмети кои ги опфатија измените на К.З., обвинителите мака мачат да извлечат докази со кои ќе продолжат да гонат со нови кривични дела. Но, според експерите, најголемата е штетата врз граѓаните кои повеќе нема да имаат желба ниту да пријават висок криминал и корупција.

Од сега не се бројат застарени предмети туку евентуални трошоци за судските предмети. Тука спаѓаат адвокатските трошоци, вештачења и сите други трошоци, за овие 6 години колку што траеле на пример судењето за „Таргет – Тврдина“. Дали Мијалков ќе бара оштета за повеќемесчниот притвор неговиот адвокат рече дополнитлено ќе се консултира со него. Според обвинителката Ристовска и оштетата за стотиците незаконски прислушувани граѓани ќе треба да ја плаќа државата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе