Три проценти од светското население има псоријаза. Точна статистика за Македонија нема. Црвена кожа, лупење на кожа, болка и чешање се симптоми кои укажуваат на псоријаза. Тоа не е само болест на кожата туку е и автоимуна болест која доведува до ризик за добивање на дијабет и кардиоваскуларен ризик. Потребно е навремено дијагностицирање и лекување со соодветна терапија.
-Тоа е болест која зафаќа повеќе од три проценти од популацијата и за која се трудиме со сите сили да обезбедиме нови модерни средства за терапија на пациентите. Благодарение на напорите кои се вложени успеавме во голем дел да ја поинеме првата бариера и да дојдеме до точка да дојде биолошката терапија и да се употребува кај пациентите со псоријаза. Тоа е голем исчекор за нашата држава, но со многу мала бројка, која не е доволна и треба се повеќе да се зголемува, вели Андреј Петров, Специјалист по дерматовенерологија.
Постојат повеќе методи на лекување, а според докторите најдобра е биолошката терапија која сега ја користат дел од пациентите.
-Сакаме да ја инкорпорираме и биолошката терапија која што е најнова и најефективна терапија за третирање на овие болести. Во моментот имаме неколку пациенти кои се избрани. Меѓутоа се надеваме на многу повеќе пациенти во скоро време. Цената на терапијата е доста висока, меѓутоа мислам дека сме во можност да набавиме толку за колку што имаме потреба, вели Дејан Филиповиќ, директор на Клиника за дерматологија
90% од луѓето кои имаат псоријаза имаат нарушен квалитет на животот, а најголемиот дел од нив поради лушпите на телото чуствуваат срам и непријатност.
Тамара Марковска