Вести Македонија Најважни

Пролетниот скок на функционерските плати, ќе се корегира на зима- за недела, две ќе има решение за примањата кои пораснаа за 78 отсто

За колку ќе се намалат функционерките плати кои во април се зголемија за речиси 80 отсто,  ќе се знае до крајот на  месецов. Вчера на владина седница министрите одлучија без премиерот кој беше на самит во Тирана, да не носат одлука како да се скратат овие примања.  Денеска пак премиерот Ковачевски рече, решение е можно за недела – две, без да споменува проценти за колку би било намалувањето. Но, зошто до сега не се  направи тоа Ковачевски тврди – не сакал да  брза со решението за повторно да не падне на Уставен суд.

-Не зборуваме за плати кои  се однесуваат само на 20 министри, кои ќе донесат одлука и потоа ќе отиде решението кое не е усогласено со никој, а ќе влезе во собраниска процердура и дури и да се донесе решение кое не е издржано ќе заврши на Уставен суд за кое повторувам имаше два пати такви решенија. Министрите работат на тоа, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

На шефот на дипломатијата Османи пак му е важно што ќе се случува со неговите примања, затоа што тој живеел само од плата.

Не мислам дека е за фалење кога политичари велат не им е важна платата, затоа што со тоа кажува дека не живат  само од плата, затоа што јас живеам само од оваа плата и се разбира дека ми е важно и мислам дека платата влијае и за квалитетот на луѓето кои се вклучени во полтиката, вели Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Според, информациите во игра се повеќе варијанти. Но, она што за сега се знае е дека заштедените пари ќе биле искористени за анти- кризни мерки кои одамна се најавија, но се уште не се знае кога ќе биде донесен овој пакет.

Дел од експертите веќе се изјаснија дека владината мерка е популистика. А парите кои ќе се заштедат од кратењето, нема да бидат доволни да се покрие сиромаштијата во земјава. Аналитичарот Бранимир Јовановиќ, вчера за Телма рече дека иако е задоцнета одлуката  добро  е што Владата се сетила дека треба да ги скрати функционерските примања. Но, смета дека првично треба да им се извинат на граѓаните, затоа што со месеци го добиваат покачувањето.

Функционерите досега зедоа 6 полни плати со 78 процентно покачување. Покрај премиерот и министрите, подлабоки паричници добија и Претседателот на државата, и судиите и обвинителите, градоначалниците, директорите на државните и на јавните претпријатија. Потегот ги разгневи сите категории граѓани, особено вработените во јавниот скетор, но и пензионерите, кои добиваа едноцифрени покачувања. Речиси 7 месеци, по одлуката на Уставниот суд, министрите конечно прифатија да расправаат за измена и за кратење на нивните примања, на само неколку месеци пред парламентарните избори.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе