Извод од матична книга на родени и документи за идентификација како лична карта и патна исправа. Возачка дозвола, трансакциска смета, здравствено осигурување, сон за некој во 21 век. Колку и да е навредливо, овие луѓе, без државјанство, ги нарекуваа луѓе „фантоми“. Тие немаа матичен број, лична карта, немаа здравствено осигурување, нивните деца не фигурираа никаде во системот – едноставно, не постоеја.
Мемет Камбер и Тони Сали – две „невидливи“ момчиња за државата, две горчливи приказни за бавноста на институциите, два животи кои згаснаа без да ги остварат своите права.
Македонија законски, а сега и во пракса го реши проблемот со лицата без државјанство. Неколкуте стотини „невидливи граѓани“ сега ќе добијат матичен број и државјанство и конечно ќе ги уживаат сите основи човекови права како останатите граѓани во Македонија , лични документи, осигурување и трансакциски сметки а нивните деца градинка и училиште.
Колку време траеше процесот, кои беа предизвиците и што содржат законските измени кои ги ставија „невидливите граѓани“ во системот.
Во студиото разговор со Љубинка Брашнарска УНХЦР и Сузана Салиу, заменик народен правобранител.