Денеска заврши 30-то Генерално Собрание на ENEX (European News Exchange), водечката светска асоцијација на приватни радиодифузери во која Телевизија Телма беше поканета да стане партнер.
ENEX е прилично селективен при приемот на нови членки, што претставува големо признание за работата, посветеноста и професионализмот на сите колеги, особено од информативната редакција и снимателите.
Личниот придонес на секој еден од вас на телевизијата ѝ донесе чест да стане партнер во една глобална организација, во која членуваат медиумски гиганти како RTL, CBS и SKY.