Вести Македонија Топ вести

Два стана и автомобил, директорот на државниот градежен инспекторат нема доказ за потекло на имот

Кривичен прогон и разрешување на директорот на државниот градежен инспекторат Фатмир Арифи поради имот за кој нема обезбедено доказ за потекло на средставата со кој е купен побара Антикорупциската комисија. Станува збор за два стана, во Чаир и Железара и автомобил вреден 18 илјади евра кои тој ги купил во текот на својот мандат. Арифи бил повикан на разговор и тврдел дека покрај тоа што директорува и продава половни автомобили па така го стекнал имотот. Сепак тој не доставил никаква документација која би ги потврдила неговите тврдења за спорниот имот.

Антикорупционерите ќе поднесат до Обвинителството иницијатива за отварање кривична постапка според член 359а казната кој се однесува на прикривање на потекло на несразмерно стекнат имот казната се движи од шест месеци до пет години затвор како и парична казна и дземање на имотот.

На денешната седница антикорупциска го затвори предметот околу финансиската помош за фирмата „Пиксел Груп“ каде беше сопственик премиерот Димитар Ковачевски и неговиот кум а предмет отворен по иницијатва на ВМРО – ДПМНЕ. Антикорупцвинонерите утрврдиле дека финансиската помош за компанијата е во август 2020 година пред Ковачевски да биде именувам за заменик министр за финансии и затоа нема судир на интереси но испитувањето на имотот на Ковачевски продолжува.

Антикорупционерите затворија предмет против градоначалникот на Чаир, еден од неколкуте кој се однесуваше на непостапување на градоначалникот и општинскиот градежен инспектор кога станува збор за дивоградби. Имено градоначалникот во два наврати платил глоби бидејќи ги игнорирал барањата на Антикорупционерите. Во февруари годинава Антикорупцинерите побараа кривична одговорност за градоначалникот Ганиу за речиси идентичен случај.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе