Uncategorized Економија Топ вести

Утре ќе се пегла новата даночна реформа, ќе поскапат некои од возилата

Кај одредени категории на возила со поголеми мотори сигурно ќе има покачување на данокот, како и кај возилата кои имаат поголема емисија на јаглерод диоксид во воздухот, брифираат извори за Телма по најавите дека Министерството за финансии ќе воведе нова даночна реформа.

Според изворите се работи за последните три категории на возила со поголема емисија на C02. Данокот пак на возилата со вредност до 10 илјади евра е предвидено од нула да скокне на 1 отсто. На пример ако едно возило чинело 5000 евра сега неговата цена би изнесувала 5050 евра.

„Што значи дека се нема слух да се спречи и навистина да се намали увозот на половни возила. Единствено кај делот за загадување може се прват поголеми напори“, велат изворите за Телма.

Во документот кој го доби Телма, се вели дека по сеопфатните дискусии за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и износите потребни за пресметка на данокот согласно новата метода, која произлегува од проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, финансии заедно со Царинската управа подготвиле два предлози, од кои во едниот се вметнати и сугестиите на дел од бизнис заедницата.

Министерството за финансии утре треба да седне на маса со претставници на сите комори, а во вторник предлозите ќе се разгледуваат на владина седница. Меѓутоа сè ќе зависи од тоа, кој предлог ќе помине, затоа што во игра се неколку опции.

Во Косово и Албанија на пример, како што наведуваат изворите за Телма, е дозволено да се увезуваат возила кои се стари до 9 години, кај нас границата е 20 години. Во земјите од Западен Балкан, Македонија е единствена земја која има данок на моторни возила.

Во Албанија има ослободување од сите даноци за купувањето на електрични возила, при што продажбата од тогаш скокнала за 300 проценти, додаваат нашите извори.

Просечната старст на патничките возила во државава, според статистика, во минатата година изнесувала 19,5 години. Вкупно има 483 илјади возила. Од нив со над 10 години старост се 429 илајди возила.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе