Сериозни обвинувања за неетичко и незаконско постапување пристигнаа на сметка на новата ректорка Биљана Ангелова од група професори на УКИМ кои не се потпишале на писмото до медиумите.
Предупредуваат на можна злоупотреба на службената положба и овластување за лична корист, на штета на најстариот државен Универзитет.
Ангелова според анонимните колеги уште како проректор вршела други функции, спротивно на законот за спречување на корупција и судир на интереси кој забранув избрано или именувано лице да биде член на управен одбор или друг управување во приватни фирми кои остваруваат профит . Посочуваат дека е член на управен одбор на една кондиторска фабрика и чен во надзорен одбор на приватна банка. Во пријавата која ја доставиле до ДКСК наведуваат и други други трговски друштва во членувала Ангелова . Она што за академската заедница е особено страшно е што Биљана Ангелова, од позиција на проректор и сега ректор на Универзитетот вршела и врши настава и на приватни т.н. академии, стои во известувањето.
Информациите во пријавата, јасно укажуваат на постапување со кое личниот интерес и интересот на приватниот бизнис, за ректорот Биљана Ангелова може да е поставен високо над интересот на Универзитетот, до степен што Универзитетот веќе е сериозно загрозен. Затоа, со оглед и дека претходно, седум години, лицето Биљана Ангелова беше проректор за финансии, инвестиции и развој. Пријавата ја доставивме со голема загриженост дека тонењето на Универзитетот се случува поради личните и бизнис интереси на актуелниот ректор, се наведува во писмото на група професори на УКИМ.
Ангелова во телефонски разговор за Телма тврди дека добила пресуда од Управен суд дека како про ректор не е против законски да биде член во надзорен одбор на банка или друго приватно правно лице затоа што не е избранао и именувано лице. Додава и дека освен во банката не членува на ниту еден друг надзорен или управен одбор на приватно друштво. Ги негираше и другите обвинвувања . Демант пристигна и потпишан од УКИМ.
Сите изнесени обвинувања во врска со портретирањето на проф. д-р Билјана Ангелова се неточни. Универзитетот ја нагласува важноста да не се донесуваат опсежни јавни пресуди врз основа на неосновани тврдења, особено кога тие се презентираат анонимно. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” отсекогаш ја поддржувал културата на академска извонредност и етичко однесување. Обесхрабрувачки е да се види како името на нашата почитувана ректорка и угледот на нашата институција се вовлекуваат во контроверзии врз основа на потенцијално погрешни информации, се вели во демантот од УКИМ.
Од ДКСК за Телма потврдија дека имаат предмет за ректорката. Побарале податоци каде се членува и велат се работи на предметот.
Елена Ивановска Мукоска