Економија Магазин

Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата

Пакет бесплатни финансиски производи и услуги понуди Комерцијална банка за млади без редовна плата со цел да останат амбициозни, активни и динамични.

Во Пакетот за млади до 30 години кои сè уште не примаат плата ги вклучивме најдобрите производи и дигитални услуги што ги нуди Комерцијална банка и, најважно од сè, им овозможивме да ги користат ЦЕЛОСНО БЕЗ НАДОМЕСТ.

Пакетот вклучува:

Платежна сметка во денари и/или во девизи без надомест за отворање и водење

Бесплатна дебитна картичка Visa или Mastercard
Бесплатно активирање мБанка и Интернет банка
Бесплатна активација и користење мТокен
Бесплатно користење GooglePlay и GarminPay
Бесплатни безготовински налози за плаќање на факултет
Неограничен број интерни плаќања со електронски налози
Плати на пријател преку телефонски именик
Бесплатна промена на ПИН на дебитна картичка
Бесплатна обнова на истечена дебитна картичка
Бесплатни три проверки месечно на состојба на сметка преку банкомат

НАСКОРО доаѓа и следната бесплатна дигитална услуга – Подели сметка со пријател.

Ова се 14 причини за секој млад човек да стане дел од екипата што добива. Пакетот за млади без плата на Комерцијална банка овозможува секој корисник да го дотера својот финансиски стил и да ужива во слободата на бесплатните финансиски услуги за млади.

За вработени на возраст до 29 години нудиме посебен Пакет производи и дигитални услуги, со кој добиваат многу поволности и можности за задоволување на своите потреби и цели.

Отворањето сметка и активирањето на пакетот може да го направите со барање во која било експозитура на Комерцијална банка.

Доколку платежната сметка се отвора целосно онлајн со OneID, пакетот за млади се активира при подигнување на картичката во избраната експозитура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе