Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец денеска со министерката Славјанка Петровска потпишаа нов договор за соработка во одбраната меѓу двете држави.
Со договорот е предвидена дополнителна воено-одбранбена соработка, соработка во областа на сајбер безбедноста, изградба на заеднички логистички сервис за оклопните транспортери набавени од САД, како и во областа на цивилната заштита и спасувањето.
Министерот Шарец се заблагодари на Македонија за помошта која меѓу првите ја испрати по катастрофалните поплави во Словенија. Сто војници на АРМ беа испратени во хуманитарна операција во Словенија во јуни.