Вести Македонија

Руски дипломатско-црковни игри со македонските стратешки интереси

Немало директна разузнавачка закана кон припадници на АРМ и одбраната, но тројцата протерани руски дипломати и еден протеран руски свешеник се мешале во стратешките национални интереси на државата.

Немало директна разузнавачка закана кон припадници на АРМ и одбраната, но тројцата протерани руски дипломати и еден протеран руски свешеник се мешале во стратешките национални интереси на државата. Ова го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска без повеќе детали за последната разузнавачко-дипломатска акција на македонските тајни служби. Дипломатите веќе заминаа од Македонија, а досега од Скопје се протерани 21 руски дипломат ангажирани во Амбасадата на Руската федерација кои ги прекршувале дипломатските правила кон државата -домаќин.

Последните тројца руски дипломати кои беа протерани од Македонија не се обиделе односно не оствариле разузнавачка закана кон припадници на Армијата или кон вработени во Одбрана, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за последното протерување на дипломати од Руската амбасада кои се однесувале спротивно на Виенската конвенција. За последниот случај со протерување на руски дипломати се уште нема доволно детали во јавноста, а надлежните тврдат дека тие работеле како шпиони и агенти, а не како дипломати и сето тоа е регистрирано од надлежните разузнавчки служби.

Стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и секој што ќе се обиде да го попречи тој пат не може да ѝ биде пријател на државата, истакна Петровска на прес-конференцијата со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец.

-Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од какви било влијанија, вклучително и вакви злонамерни. Тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси. Следствено на тоа, сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање туку и на другите безбедносно- разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа. Закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале, порача Петровска.

Петровска појасни дека секој што сака да го попречи европскиот пат на државата не може да биде пријател.

Во пакет со руските дипломати, беше протеран и еден свештеник на Руската православна црква кој бил дел од епархијата во Софија во соседна Бугарија.

Познато е дека имал контакти и соработувал со владици од синодот на МПЦ, но не нема други детали зошто тој свештеник доаѓал често во Македонија и какви активности имал. По Македонија, неколку дена подоцна, рускиот свештеник беше протеран и од Бугарија.

Телма упати прашања до надлежните Агенција за разузнавање и АНБ за протерувањето, но не добивме одговор. Протераните руски дипломати веќе ја напуштија државата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе