Вести Македонија Најважни

Предлог Законот за амнестија оди во Собрание

Предлог Законот за амнестија по усогласувањето со надлежните институции оди во собраниска процедура. Со законот се предвидува намалување на казните за оние кои сториле полесни кривични дела. Владата на претходната седница го разгледуваше предлог законот, а од казна затвор се предвидува да бидат ослободени, осудените до шест месеци, а останатите ќе добијат намалување на казната од 30 отсто. Усогласувањето со секторот за законодавство, како што рече премиерот Димитар Ковачевски, меѓудругото и за третманот на осуденици во странство е завршен.

Во наредните два дена министерот за правда ќе има детален брифинг со претставниците на медиумите за овој закон кој истовремено ќе биде доставен до Собранието, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија, ги сториле по 1 септември 2023 година. Од вкупно 2114 затвореници, целосна амнестија ќе добијат 286 од нив, а делумна амнестија 996 затвореници. Од Министерството за правда соопштија дека нема амнестија за тешки кривични дела, како убиство и кривични дела против државата, изборите, разбојништво, половата слобода, семејно насилство и родово -базирано насилство. Изоставени се и делата кои беа предмет на измени на Кривичниот законик.

Целта е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела и растеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што  состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, соопштија од Министерството за правда.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира законот со сите демократски алатки што ги има на располагање. Годинава амнестирани беа лицата кои не ги плаќаа казните за време на ковид пандемијата.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе