Истекува рокот на министерот Шаќири кој сам го даде за да стигнат сите учебниците до рацете на учениците. Еден месец од новата учебна година без наставен материјал, а министерот лани вети ако навреме не стигнат учебниците ќе понесе одговорност.
За наредна учебна година да ќе почувствувам одговорност и сум сигурен дека учебниците ќе бидат не на први септември, пред први септември, изјави Шаќири.
Денеска ни одговорност ни учебници.
Националната комисија ги има одобрено учебниците по македонски јазик, албански јазик, природни науки и учебникот по математика за кој учебник треба да се чека уште пет дена мислам жалбена постапка. Претходните учебници кои ги спомнав сите се веќе доставени на графичко техничко и на печатење и тие мислам дека од утре таа информација која ќе ја споделиме ќе биде со план на достава во сите основни училишта на учениците што се со новата реформа од прво до шестто одделение, изјави Шаќири.
Минатата учебна година дел од учениците ја завршија без учебници по некои предмети, а ова е трета година како наставата продолжи да се одвива без потребниот материјал. Граѓаните покрај за недостатокот од учебници алармираа и на низа пропусти како јазични така и печатни.
Симона Петровска