Измените на КЗ е последниот клинец во ковчегот на СЈО, вели професорката Најчевска за Топ Тема.
- Првиот беше кога беше избрана Катица Јанева и тогаш бев многу против за избор на анонимус на човек кој нема ниту интелектуален капацитет, нити било каков друг капацитет да биде на таа позиција, начинот на кој што беше формулирана законската регулатива со која требаше да се обезбеди делувањето на СЈО, беше вториот клинец и ова е последниот клинец со кој се покажува дека актуелната владејачка гарнитура воопшто немала намера да проработи системот кој би обезбедил владеење на правото и завршување на случаите со кои би се осудиле криминалците во власта, туку сето тоа било една шарада, објаснува Најчевска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.