Вести Македонија

Исклучувањето на ЛГБТИ лица од пазарот на трудот ја чини земјава 64 милиони долари

64 милиони долари. Толку годишно ја чини Македонија исклучување на ЛГБТИ лицата од пазарот на трудот. Ова го покажа студија на Светска Банка за економското чинење на исклучувањето базирано на сексуална ориентација, родов идентитет и изразување и полови карактеристики, презентирана денеска, покажува дека процентот на невработеност на лицата од ЛГБТИ заедницата е 13,5 проценти, што е за 1,5 проценти повисоко отколку кај општата популација.

Дополнително на еден вкупен трошок од 0,5% од БДП-то. Половина процентен поен од БДП е поврзан со недостаток на плати исклучиво од пазарот на трудот за сексуалните и родовите малинцинства, изјави во презентацијата на студијата Клифтон Кортез, глобален советник на Светска Банка за сексуална ориентација, родов идентитет.

Дополнително на економската загуба, исклучувањето на ЛГБТИ заедницата од пазарот на трудот и кумулира на Македонија фискална загуба од 17 милиони долари на годишно ниво, или 0,13 процент од БДП.

Студијата, прва ваква во светот спроведена од Светска Банка, во која биле вклучени Македнија и Србија, покажало дека најголема загуба во платите пријавиле ЛГБТИ мажите и тоа трипати повеќе од жените, додека дискриминација на работното место најмногу пријавиле бисексуалците и интерсекс лицата. Граѓанските организации кои работат на проблематиката на дискриминација на маргинализираните групи наведуваат дека многу мал дела од таквите случаите на дискриминација завршуваат со формални постапки за заштита од дискриминација.

Ние немаме судски постапки во коишто ќе можат луѓето да бараат заштита и да добијат ефикасна заштита, но и да добијат регрес, надомест на штета од претрпената дискриминација, изјави Наташа Бошкова, Коалиција Маргини.

Од Министерството за труд и социјална политика информораат дека земјава константо работи на подобрување на законската рамка за недискриминација, но велат дека антиродовите движења кои ја зафатија Европа иминативе години, стигнале и до Македонија.

Од почетокот на годината многу се засилени и во Република Северна Македонија, граѓански организации формирани само за таа цел, за да бидат гласни и да споделуваат хистерични постови за ЛГБТИ заедницата, за родовиот идентитет, вели Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Студијата нуди и мерки за надминување на дискриминацијата и исклучувањето на ЛГБТИ заедницата од пазарот на трудот, при што се укажува дека и покрај значајниот напредок што е направен, потребно е уште работа за да се обезбеди дека недискриминацијата ќе стане реалност за ЛГБТИ популацијата во земјава.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе