Осуда за убиството на косовскиот полицаец и загриженост за состојбата на северот на Косово, беше декларирана од министерката за одбрана Славјанка Петровска и нејзиниот норвешки колега Бјорн Арилд Грам кој е во посета во Скопје.
Двајцата министри за одбрана на земји членки на НАТО повикаа на дијалог за да се најде излез од актуелната косовска ситуација. Министерката Петровска оцени дека нема знаци за влошување на бебзедносната состојба во државата поради инцидентот и дополни дека војници на АРМ се во мисија во КФОР кој ја има поддршката за стабилзиирање на ситуацијата.