Вести Македонија Топ вести

Закани до Македонците од Пустец од бугарски активисти за изјаснувањето на пописот

Големи притисоци за изјаснувањето на пописот на Македонците од Пустец. Бугарски активисти со закани до жителите доколку не се потпишат како Бугари. Претседателот на Бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов отворено со статус на фејсбук им порача, „Доколку сега не се изјасните како Бугари ќе ви бидат одземени пасошите, а оние кои се во постапка истата ќе биде запрена. Веќе имаме еден таков случај. Помислете“, напиша Стојанов на својот фејсбук профил.

Во Албанија во тек е пописот на населението кој треба да трае до 30-ти октомври. Изминатиот период голем број бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации беа многу активни меѓу Македонците во Албанија обидувајќи се да ги убедат дека се Бугари. Се ветуваат пасоши, стипендии, бесплатно школување во Бугарија и работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе