Вести Македонија Топ вести

Обвинителката Ристоска со пораки – измените на КЗ се навреда на сите професионалци и ќе се бориме за конфискација

Измените на КЗ се во насока на неказнивоста и навреда за обивнителите кои искрено се борат со корупцијата оценува обвинителката Ленче Ристоска кој до сега е единствена обивнителка која јавно проговори законот и одговри на прашањата на новинарите

Измените на Кривичниот законик и тоа како влијаат на културата на неказнивоста која некако се протержира во изминатите години. И Обвинителството, по мое мислење, е ставено пред една неблагодарна и тешка задача. Имаме кратки рокови, таму каде што не е застапена застареноста, тоа експресно да се заврши. Од друга страна, ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите, изјави Ристоска

-Самите измени јас лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои сме се вложиле во борбата, пред се, против корупцијата, бидејќи овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела, додаде Ристоска

Обвинителката во најбитниот предмет на поранешното СЈО, Таргет Тврдина за масовното прислушување, рече дека во тек е анализа во предметите во кои постапува  за да се видат последиците од законските измени. Сепак јасно и е дека дел од предметите, во кои со колегите, вложиле многу ресурси и енергија, веќе застаруваат. Уверува дека ќе преземат се што можат за да се извеле максимум. Таму каде што може ќе извршат и преквалификација на делото. Потенцира дека ако некој се спаси од затворска казна не треба да се спаси и од конфискација.

 Да не заборавиме дека кои било измени со кои можеби некој се спасува од кривична одговорност, не ја изземаат од одговорност имотната корист, односно конфискацијата и понатаму останува на сила. Најмалку што може да направиме е, во судските предмети каде што имаме можност, да се бориме да се спроведе конфискацијата, изјави Ристоска

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за Траекторија- прво по измените на КЗ кои ниту обвинителката ниту одбраната на судењето не ги спомнаа. И надвор од судницата не дадоа изјави за медиумите. Обвинителката Стефанова кусо објасни дека овој предмет се уште не застарен и затоа судењето продолжува.

Според обвинението застарува во октомври. Тројцата обвинети екс функционери Пешевски, Јанакиески и Георгиевски, одговараат за злоупотреба на службената положба од ставот 5, за јавните набавки кој со измените е избришан. Груевски во овој предмет одговараше за друго дело кое е застарено од претходно.

Од обвинителството најавуваа но се уште не се одржале стручен колегиум на кој требаше да ги решаваат дилемите на обвинителите околу примена на законот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе