Вести Македонија Топ вести

На kreniglas.mk може анонимно да се пријави меѓуврсничкото насилство

Речиси и да нема билтен на МВР каде што нема запишано случај на насилство. Меѓу пријавените случаи е и оној кога 12 годишни малолетнички ја малтретирале нивната соученичка во скопската населба Лисиче. Причините за насилството не се познати, но мајката на малтретираното девојче решила да пријави во МВР дека нејзината ќерка била нападната вечерта во 21 часот. Но, ова не е единствен случај на меѓуврсничко нетрпение. Оние кои работат со деца велат дека освен разговор со психолози и педагози во училиштата  поголемо влијание врз подобрување на однесувањето на децата има разговорот со родителите.

-Според кажувањето на децата има насилство во училиштата. На почетокот за нив тоа е како игра, а подоцна преминува во поголем размер и тука веќе мораме да се вклучиме и ние возрасните. Секојдневниот разговор најпрво дома со родителите, па во училиштата со вработените помага многу кај децата. И не само разговорот туку со нашите постапки треба да им покажеме како тие треба да се однесуваат и да се прифаќаат меѓусебе, вели Билјана Билбиловска-директорка на ООУ „ Киро Глигоров “.

За подигнување на свесноста за врсничко насилство компанијата Макпетрол  ја отпочна едукативната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“. Целта е да се пренесе знаење до сите кои можат да помогнат во решавање на проблемите со врсничкото насилство, а тоа се родителите, наставниците и самите деца. Кои треба да се охрабрат да говорат за булингот, кој сега и анонимно можат да го споделат на веб-сајтот kreniglas.mk.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе