Вести Економија

Стопанската комора ќе го оспори законот за солидарен данок пред Уставниот суд

Стопанската комора најави дека ќе го даде вчера донесениот Закон за солидарен данок пред Уставниот суд и тоа ќе биде трет оспорен Закон од страна на Комората за две години пред Уставниот Суд. Претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески во интервју за Топ тема тврди дека бизнис секторот направил сѐ за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и властите, но во услови кога партиските интереси се поважни повикува на заедничка платформа на бизнисот со универзитетите, медиумите, синдикатите и невладините организации.

Ги молиме и сакаме да ја продлабочиме соработката со секого кој што е на оваа линија, да допринесеме за доброто на оваа држава. Тоа можеме да го направиме ако одиме заедно на овие цели и со оваа методологија, медиумите, бизнис организациите, синдикалните организации, невладиниот сектор, универзитетите, сите треба да се обединиме под таа платформа, која што дури и да дојде до застранување на политичките елити во одреден момент, ќе можат да ги тргнат за рака и да им кажат „чекај, вратете се“. Затоа што очигледно е дека ние, ниту губењето на изборите ја убива нивната волја за власт, ниту критиките кои што ги упатуваме, ниту сериозните полнења на затворите, тие повторно си продолжуваат. Доаѓаат нови, се регрутираат нови сили коишто не сакаат да работат, не сакаат да се вклучат во процесите, туку најдобро им е преку партиските агенди, преку партиските активности да практично егзистираат во овој момент, смета азески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе